Категории

Во колку часот треба да одите на спиење за да се разбудите наспани изутрина

Проблем кој ги мачи многумина. Премногу сме зафатени, секогаш имаме нешто друго да направиме и никогаш не легнуваме на време и се будиме уморни. Научниците кои со децении се занимаваат со квалитетот на спиењето го имаат одговорот на славното прашање – кога е најдобро време за спиење?

Д-р Мет Вокер од Центарот за неврологија во Калифорнија вели дека не е вистински мит дека секој час што го поминуваме во сон пред полноќ да се брои двапати и дека сме повеќе одморени заради тоа. “Времето на спиење зависи од квалитетот и структурата на вашиот сон. Она што е важно е да сте во кревет помеѓу 20 часот и полноќ”, објаснува д-р Вокер.

Мет Вокер тврди дека има „утрински птици“ и „бувови“, односно луѓе чиј биоритам е таков каков што е, но „ноќните птици“ страдаат најмногу на долг рок кога станува збор за квалитетот на спиењето. Вокер верува дека „ноќните птици“ (луѓе кои остануваат будни доцна) мораат почесто да легнуваат во 9 или 10 навечер со цел нивниот организам да влезе во ритам по одредено време.

Лекарот смета дека е најдобро да се смени времето на легнување и станување за неколку дена, и секој да го најде најдоброто време за спиење и будење и да се држи до тој ритам, бидејќи само на тој начин организмот одмори правилно.

Прегледи:
543
Објавено на:
02.08.2021