Категории

Во Њујорк ослободени 1000 мачки од азил за да го спасат градот од наезда на стаорци

И само нивното присуство на улиците е важно во борбата против наезда на глодари. Засолниште за животни во Чикаго ослободи 1.000 мачки на улиците во тој град со цел да се реши проблемот со наезда на стаорци.

Засолништето за животни ослободи мачки како дел од програмата наречена „Мачки на работа“, пишува британскиот весник „Гардијан“. Две или три кастрирани и вакцинирани мачки беа пуштени пред станбени згради или компании за да го решат проблемот со глодарите. Според податоците за азилот, мачките понекогаш убиваат стаорци, но само нивното присуство е доволно за да се одвратат штетниците.

Сопствениците на куќи или деловните субјекти можат да аплицираат за програмата, но исто така да ги покријат трошоците за храна и засолниште за мачки. Азил наведува дека списокот на чекање е многу долг.

Чикаго инаку се нарекува „најстариот град со стаорци“, а според податоците на американската компанија „Оркин“, ова е шеста година како е на прво место според бројот на глодари во однос на другите големи градови како како Лос Анџелес и Њујорк.

Прегледи:
581
Објавено на:
25.05.2021