Ретко ги слушаме зборовите „читање“ и „потстрижување“ во иста реченица, а една берберница The Fuller Cut ги спои овие две работи за децата, со цел да ги потикне да отворат книга.
Оваа берберница во Мичиген им дава 2 долари попуст на момчињата кои ќе читаат додека се шишаат. Ова го почнал Ryan Griffin кој почнал да ја применува програмата The Fuller Cut откако слушнал дека и други берберници од целата држава учествуваат.
За да го стартува овој проект, започнал да носи стари книги од неговите три деца, „Не беше ништо посебно, само сакав да направам нешто општествено одговорно.“
Иницијативата The Fuller Cut се фокусира на диверзитетот во општеството, се труди на младите да им презентира позитивни примери од афро-американско потекло, во кои би се угледале младите деца. Оваа берберница има од 75-100 наслови кои вклучуваат атлетичари, астронаути па дури и за претседателот Обама.
На муштериите им се допаѓа оваа иницијатива, не е за симболичните 2 долари, туку за самото потикнување на децата да ги истражат своите можности, да научат нешто повеќе, да добијат самодоверба и да им дадат мотив да постигнат повеќе во животот.