Категории

Во овие ЖЕНИ мажите се заљубуваат како луди

„Најди жена која прави да се чувствуваш живо. Таа нема да ти го направи животот совршен, но ќе ти биде бескрајно возбудлив. А неа сакај ја со сѐ што постои во тебе“ – Гејл Г. Рупер

Стручњаците за врски велат дека мажите не ги оставаат своите партнерки поради други жени кои се по згодни, туку поради такви кои се по интересни.
Но тоа е сепак широка генерализација, секако една од можностите која е позната е таа дека мажите исто така ги оставаат своите партнерки или сопруги поради жени кои се по млади, и за нив по атрактивни, а љубовта дефинитивно може да исчезне.

Без разлика што кажуваат стручњаците, јасно е дека мажите како и жените се исклучително длабоки битија. Постојат типови на жени кои мажите никогаш не би посакале нити би се осмелиле да ги остават или изневерат, тие се жени во кои тие остануваат заљубени цела вечност.
Еве кои се тие:

1.Жена која знае што сака и не се плаши да го каже тоа на глас
Жените кои се способни својата мудрост да ја изнесат на лесен начин се особи од кои лесно се учи. Продорна, саркастична конверзација не е она што се бара. Искрена отворена дискусија со цврста основа е темел на врската помеѓу секој маж и жена.
Мажите се немоќни пред жени кои се интелектуалки и секогаш успеваат да ги победат со аргументи, тоа им е неверојатно привлечно.

2.Жена која се чувствува добро во своја кожа
Самодовербата не е исто како и ароганцијата. Самодовербата не прави „галама“ околу себе, туку нејзината суштина лебди во воздухот. Мажите сакаат ненаметливи жени кои се стремат да се издигнат во сите области од животот, борбени и силни кои знаат што сакаат и како да го постигнат тоа.

3.Жена која се грижи за сопствените интереси
Жената која откако ќе стапи во врска или брак ги занемарува оние нешта кои претходно ја правеле она што е во суштина и она што ја прави посебна, станува непривлечна за мажот и многу веројатно е дека тој ќе тргне во потрага по некоја друга.
Мажите ја ценат индивидуалноста и секогаш ќе бидат заљубени во жени кои го прават она што го сакаат без оглед на тоа што зборува околината.

4.Жена која знае да прима и дава комплименти
Мажите сакаат да им даваат комплименти на жените, тоа е природно и нормално, а жените треба да знаат како да ги примаат. Мажите сакаат кога жените реагираат пријатно и со насмевка на секој упатен комплимент и го пречекуваат со самодоверба, додека оние кои се срамат и одбиваат да го примат наместо изгледаат непривлечно во неговите очи.
Кога мажот ќе ви рече дека сте одржале одлична презентација на работа или дека вашата идеа е супер наместо да му кажете „Ох да не беше колешката немаше да успеам“, одговорете му со самодоверба „Ох благодарам, навистина дадов се од себе.“

5.Жена која се грижи за себеси
Ова се однесува во секоја смисла на зборот. Мажите се визуелни суштества, сакаат жената која е покрај нив да изгледа убаво и средено, тие ја ценат природната убавина но сакаат кога таа издвојува време за себе за себе, води грижа за својот изглед и својот стил.

Прегледи:
662
Објавено на:
22.12.2019