Категории

Во сезоната на слави, подгответе посна чоко баклава (РЕЦЕПТ)

Со овој рецепт, познатиот десерт, ќе добие сосема поинаков вкус на кој нема да може да му одолеете.

Состојки:

  • посна кора за баклава
  • 100 г посно чоколадо
  • 100 г гриз
  • 200 г ореви
  • 250 г посен маргарин

За прелив:

  • 500 г шеќер
  • 4 дл вода
  • 3 ванилини шеќери
  • сок од половина лимон

Подготовка: 

Најпрво направете го преливот за баклава со шеќер, ванилин шеќер, вода и сок од лимон. По 3-4 минути варење тргнете го од оган и оставете го преливот да се олади. Во чинија соединете ги мелените ореви, гризот, изренданото чоколадо и сето тоа измешајте го заедно.

Редете по 3 кори, една на друга, па свиткајте ги на половина, а на краевите ставете три лажици фил, потоа замотајте ги почнувајќи од страната на која се наоѓа филот и редете во плехот.

Наредете ги и исечете ги на еднакви делови, потоа прелијте ги со стопениот маргарин и печете 20 минути на 200 степени (готови се кога ќе пожолтат).

Прелијте ја со ладниот прелив врелата баклава (треба да плива во тој фил, а подоцна ќе впие).

Прегледи:
1084
Објавено на:
12.11.2018