Категории

Водич кон помазна кожа: Еве како да ги минимализирате порите

Дали се чувствувате како порите на вашата кожа да се масивни? Ако е тоа така, тогаш следете ги нашите совети кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем брзо и лесно.

Третманите за минимализирање на порите во козметичките салони можат да чинат цело богатство, но тоа не е нешто кое можете да го постигнете само доколку ги посетувате редовно, со вистинските третмани можете ефикасно да го постигнете тој ефект и во вашиот дом, само доколку имате доволно волја и трпение.

1. Држете се до правилната рутина
Доколку сакате да успеете на патот кон совршено мазна кожа без пори, тогаш мора да создадете рутина за нега на вашето лице која мора да ја следите религиозно.
Најважен чекор е добро да го миете и чистите лицето со соодветни тоници после секоја употреба на шминка, и наутро и навчер да го миете со соодветен гел или пена.
Задолжително правете домашен пилинг 2-3 пати во неделата и користете маски за отстранување на мртвите клетки од кожата.

2.Инвестирајте во апрат за чистење на кожата
Ивевстирајте во ротациона четка за лице или апарат за чистење на порите.
Тие апарати имаат повисока цена, но инвестицијата во нив во секој случај ќе биде најпаметен избор, наместо секој месец да плаќате еднаква цена за третмани кои се краткотрајни.
Вака ќе можете да го постигнете истиот ефект и тоа во вашиот дом.

3.Користете крем со заштитен фактор, секогаш и секаде
Дури и во зима, кога сонцето е најслабо, морате да користите крем со заштитен фактор. Кремите со фактор имаат моќ да ги минимализираат порите а исто така ја штитат кожата од предвремено стареење.

Прегледи:
331
Објавено на:
18.09.2019