Категории

Водич за подигнување на имунолошкиот систем преку природен пат

Со помош на овие неколку ефикасни методи ќе успеете да го подигнете имунолошкиот систем преку природен пат.

Пијте сок од лимон
Можете да пиете свеж сок од лимон, можете да го додадете во чај, во салата наместо оцет, додека готвите…Бидете креативни.

Треба доволно да спиете
Некои луѓе имаат потреба од само 6 часа спиење, а некои дури и до 10 часа. Ова зависи од вашата возраст, колку сте физички активни и други фактори. Важно е добро да се одморите.

Пијте многу вода
Жедта не е единствениот знак за недостаток на вода, главоболката, исто така, сигнализира дехидрација. Колку вода ви е потребно? Барем литар и пол дневно.

Намалете со кафето
Кафето ги црпи водата и минералите од телото. Пијте кафе со вода за да ја надоместите течноста.

Конзумирајте доволно протеини
Протеините се неопходни за здраво тело, здрав ум и, се разбира, имунитет.

Намалете го стресот и дозволете си ги работите кои ги сакате
Поминувајте го времето со пријателите, одете на масажа, топла бања. Расположението и здравјето се поврзани. Намалете го стресот на начин на кој најмногу ви одговара. Правете ги работите кои ги сакате, вежбајте јога, медитација, тренирајте…

Прегледи:
517
Објавено на:
07.11.2018