Категории

ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА|Ова се 10 работи кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала!

Трудна. Јас сум бремена, тоа е јасно како ден. Две сини линии, се загледаа во мене од малиот тест за бременост кој туку што го купив. Моето срце тропаше, чувствував вртоглавица. Стомакот ме заболе, бев нервозна, возбудена, исплашена и пресреќна во исто време.

Да, дефинитивно сум бремена. Ова навистина се случува! По една година фантазирање, подготвување … конечно треба да станам мајка. Ова се 10 работи кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала:

1. Многу пати ја имаше расплакано. Таа плачеше кога дозна дека е бремена. Таа плачеше кога те роди. Плачеше кога првпат те држеше. Таа плачеше од среќа, како и од страв. Плачеше од грижи. Таа ја чувствуваше твојата болка и среќа, и ги делеше со тебе, иако тоа можеби не го разбираше.

2. Го сакаше последното парче од колачот. Но, кога виде како ја гледаш со своите големи очи не можеше да јаде. Таа знаеше дека ќе биде многу посреќна ако последното парче од колачот заврши во твојот стомак.

3. Тоа болеше … Болеше кога ја влечеше за косата, гребеше со острите нокти кои невозможно беше да се скратат, болеше кога те доеше. Болеше кога удираше во стомакот, трпеше ужасни болки кога доаѓаше на светот.

4. Секогаш се плашеше. Од првиот момент, таа правеше сѐ што е во нејзина моќ да те заштити. Таа стана мајка мечка. Таа на девојчето од соседството сакаше да каже “не” кога сакаше малку да те земе во раце, поради тоа што во никој не беше сигурна. Нејзиното срце скокаше со твоите први чекори. Таа остануваше будна за да биде сигурна дека се врати дома, а се будеше рано да те испрати на училиште.

5. Таа знаеше дека не е совршена. Таа е најголем критичар на себеси. Ги знае своите недостатоци, а понекогаш и се мрази себеси заради нив. Кон себе е најстрога кога станува збор за тебе. Таа сакаше да биде совршена мајка, да не направи ништо лошо, но само затоа што е само човечко битие, таа грешеше. Веројатно уште се обидува тоа да си го прости. Таа најмногу од сѐ сакаше да го врати времето и да направи поинаку, па затоа биди љубезен со неа, бидејќи таа го направи најдоброто што можеше.

6. Таа гледаше во тебе додека спиеш. Имаше ноќи кога до три часот наутро молеше конечно да заспиеш. Понекогаш едвај ги држеше очите отворени додека ти пееше и молеше да заспиеш. Потоа, кога конечно ќе заспиеше, таа те ставаше во кревет, и на секунда сиот нејзин замор ќе исчезнеше, додека гледаше како спиеш.

7. Те носеше многу подолго од девет месеци. Тебе ти беше потребна и таа тоа го правеше. Таа навикна да те држи и додека чисти, додека јаде, дури и додека спие. Нејзините раце беа уморни, ја болеше грбот, но таа те држеше затоа што сакаше да бидеш во нејзината близина. Таа те сакаше, љубеше, си играше со тебе. Ти се чувствуваше безбедно во нејзините раце и беше среќен. Знаеше дека си сакан во нејзините раце, па те држеше и носеше често, колку што ти сакаше. 

8. Ѝ го кршеше срцето секој пат кога плачеше. Немаше потажен звук од твоето плачење, ниту застрашувачка сцена од солзите кои течат низ твоето лице. Таа правеше сѐ што е во нејзина моќ да ги запре твоите солзи, а ако не можеше да ги сопре нејзиното срце се кршеше во милиони парчиња.

9. Тебе те ставаше на прво место. Таа можеше без храна, туш и сон. Секогаш ги ставаше твоите потреби пред своите. Таа поминуваше цел ден исполнувајќи ги твоите потреби, а на крајот на денот немаше сила за себе. Но, следниот ден би се разбудила и би почнала сѐ одново.

10. Таа би го сторила истото повторно. Да се биде мајка е една е од најтешките задачи кои некој може да ги прави, а понекогаш и ќе те донесе до твоите граници. Ти ќе плачеш, ќе се обидуваш, нема да успеваш, да работиш и учиш. Сепак, ќе почувствуваш повеќе радост отколку што мислиш дека е можно и чувството на љубов е поголемо отколку што може да собере во твоето срце. И покрај сета болка, тага, непроспиени ноќи, твојата мајка, сепак, сѐ би направила за тебе.

Значи, следниот пат кога ќе ја видиш, кажи ѝ на мајка ти БЛАГОДАРАМ, дај ѝ до знаење дека ја сакаш. Таа никогаш не може тоа да го слушне премногу пати.

Прегледи:
831
Категории:
Дом и семејство
Објавено на:
09.02.2016