Категории

За максимално уживање во креветот: Овие намирници се природен афродизијак!

Афродизијаците постојат отсекогаш – овие денови имаме сини пилули, а во минатото луѓето се потпирале на разни намирници. Сепак, најдобар ефект даваат овие пет намирници, а тоа го потврдиле и научниците.

Авокадо

Богат е со витамините Е и Б6, кои го спречуваат развивањето на болести на срцето и овозможуваат полесен проток на крвта. Оваа намирница е богата со незаситени масни киселини кои го подобруваат работењето на срцето, а сѐ што му одговара на срцето и циркулацијата, му одговара и на вашиот сексуален живот.

Бадеми

Содржат цинк и витамин Е, минерали и витамини кои се добри за сексуалното здравје и репродукција. Селенот ќе помогне ако ве загрижува издржливоста, а витаминот Е ја поттикнува циркулацијата. Цинк е минералот кој поттикнува опуштање на машкиот полов хормон и го зајакнува либидото.

Банана

Таа содржи бромелаин, ензим кој го подига машкото либидо.

Кафе

За мажите може да биде од голема корист во борбата со еректилната дисфункција кога станува збор за потешкотиите при сексуален однос. Стресот и напнатоста можат да остават трага на машката спиха, а кафето може да помогне при ублажување на тензијата и зголемување на концентрацијата.