Ја нарекуваат „Куќата која танцува“ и „Пијаната куќа“ поради својот необичен облик, голем број туристи од ширум светот доаѓаат за да се фотографираат со неа во луди пози
Оваа градба е светски позната по својот необичен дизајн, привлекува посетители од ширум светот а настанала во 1989 година. Денес важи за најважниот пример на постомодерна архитектура во Европа.
Во времето кога била изградена, предизвикала бурни реакции баш поради својот дизајн. Мислењата биле поделени. Додека многумина тврделе дека не се вклопува во опкружувањето во кое се наоѓа, имало и такви кои се залагале за нејзино активно рушење. Сепак, ова е прва градба на светскиот архитект Франк Гери и чешкиот архитект Влад Милуница.
Името го добила во танцувајчкиот пар Фред Астери и Џинџ Роџерс. Двете кули ги претставуваат Фред и Џинџ како создаваат целина а самата градба постигнува совршена рамнотежа помеѓу модерното и античкото.