Категории

За вашето куче зборот „Браво“ е доста важен – но морате да знаете кога и каде да го изговарате

Толку едноставен збор и толку важен, а најчесто заборавен.

Најчестата грешка на сопствениците е таа што доброто однесување не го наградуваат или најчесто несвесно го наградуваат непожелното однесување. Вашето куче додека е малечко „не зборува“ македонски јазик, но преку тренинг, односно сигнали го учите на команди, така што го учите да го разбира јазикот кој го зборувате. Кучињата зборуваат преку говорот на телото.

Кога сакате да го научите кучете на значењето на одреден збор кој во тренингот го нарекуваме комдан, освен во ситуации кога кучете бара одреден предмет, најважно е кај себе да имате награда која ќе ја маркирате со посакуваното однесување.

Зошто е толку важен зборот „браво“? Како тој ни помага во тренингот?

Прво што треба да знаете е дека на почетокот на секој тренинг, односно вежбање на командата, вие го наградувате со храна повеќе пати, но нема да го наградувате повеќе пати во текот на целиот негов живот.

Зборот „браво“ ни помага и слободно можеме да кажеме дека ни служи да го охрабриме кучето во стресни ситуации но исто така и да го бодриме во извршување на посакуваните команди.

Пример:

Изговорете го името на вашето куче и кога тоа ќе ве погледне, вие почнете да ја спуштате наградата и во моментот на давање на наградата нагласете го зборот „браво“.

На тој начин му го објаснувате значењето на овој збор на вашето куче и свесно му давате до знаење дека тоа е однесувањето пожелно за наградата.

Кога рековме дека овој збор служи да го охрабри вашето куче, мислиме пред се на почетокот на тренингот, на делот за социјализација и рехабилитација. Вашето куче ќе слушне многу различни звуци, некои ќе бидат многу непријатни за него а единствениот начин на кој можете да ја подигнете неговата самодоверба е да го користите зборот „браво“ и на тој начин да го охрабрите.

Прегледи:
574
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
15.12.2020