Категории

Заблагодари им се на оние кои те изгубиле

Најголеми губитници се оние кои не се свесни што изгубиле.

Зошто да тагуваш за оние кои не знаеше што имаат? Не ги изгуби ти нив, туку тие останаа без тебе. Го заменија целото небо за еден облак. Го оставија сјајното злато за валкан камен. Ја испуштија принцезата за вештицата. Ако нив не им е жал, зошто да ти биде тебе?
Најголеми губитници се оние кои не се свесни што изгубиле.

Барем сеуште не се свесни за тоа. Подоцна се ќе се среди и ќе се врати на свое место. Коцките ќе се наместат и секој ќе ја добие заслужената казна или заслужената награда. Ти ќе бидеш наградена за почитта и добродушноста. Тие ќе бидат казнети поради неверството и злобата. Кога тогаш, се ќе исплива на површина и тогаш најмногу ќе се забележи разликата помеѓу нив и тебе.

Порано или подоцна, секој сфаќа што добил а што изгубил во животот, кога еднаш ќе ги запознае сите вредности. Но верувај тогаш ти ќе им благодариш што те оставиле, затоа што ако не го направеле тоа, никогаш си немала да откриеш колку подобро заслужуваш.

Прегледи:
754
Објавено на:
28.12.2019