Месец јануари е дефинитивно времето кога задолжително мора да се прочистиме од сета храна што ја внесовме за време на празниците, а овошјето и зеленчукот се најдобар начин за тоа.
Доколку изминатите неколку години смути соковите беа нешто задолжително, оваа година сѐ поголем замав земаат здравите супи направени од зеленчук кои се многу вкусни.
Истите се омилениот оброк на актерката Гвинет Палтроу, која неодамна објави режим за пост празнична детоксикација на нејзината веб страна Goop во која смести голем број рецепти за здрави супи.
Супите што таа ги обожава се преполни со витамини, минерали, протеини (ако додадете месо) и претставуваат вистинска витаминска бомба.
Покрај тоа што се преполни со витамини, тие се неодоливо топли и совршени за ова време од годината и ја помагаат хидратацијата на телото.
Голем број познати личности ги обожаваат поради тоа што истовремено се вкусни, го задоволуваат апетитот и се навистина вкусни.
Меѓу нивните омилени се најдоа супите од брокули, компири, печурки, морков и бројни други што ќе завршат голема работа за детоксикација на организмот после празниците.
Без разлика за која и да се одлучите, веруваме дека ќе уживате во нивниот вкус со многу малку труд.
За почеток, во продолжение го читате нашиот омилен рецепт за крем супа од брокули.
Кој е вашиот?
Состојки:
Едно поголемо парче брокула
Еден кромид
Една лажица маслиново масло
Сол и бибер
Малку мускатно оревче
Подготовка:
Исечете го кромидот на многу ситни парчиња и ставете го во тенџерето. Додајте малку маслиново масло, ½ шолја вода и гответе го неколку минути. Веднаш потоа додајте ја брокулата и повторно додајте топла вода само колку да ги покрие брокулите. Додајте сол, бибер и малку оревче. Гответе три до пет минути. Тргнете ја супата од оган, а ако е многу густа, слободно извадете малку од водата. Ставете ја во блендер и мешајте додека не се создаде хомогена смеса.
Украсете со зелени билки по избор.