Категории

Забранет влез за мажи: Овој хотел е само за дами!

На Мајорка се отвора нов хотел, а мажите нема да можат да влезат во него. Станува збор за луксузен хотел сместен во Порто Кристо, во кој туристите ќе можат да престојуваат само ако се жени и имаат повеќе од 18 години.

Хотелот е во сопственост на шпанскиот ланец на хотели „Som Hotels“, а ќе се вика „Som Dona Women Only“. Ќе располага со 39 удобни соби, а целиот хотел ќе биде ориентиран на велнес и нега.

„Ова ќе биде нов простор за жени кои бараат место на кое ќе се одморат од стресното секојдневие, кој нуди персонализирана нега ориентирана според нивните потреби“, стои во описот на страната на хотелот.

Женскиот хотел ќе им понуди на дамите здрава кујна, велнес центар, базен, ресторан со преубав поглед и единствен „женски“ ентериер. Поголемиот дел од вработените исто така ќе бидат жени.

Оваа идеја настанала по една анкета во хотел во која жените се изјасниле дека многу им се допаѓа концептот за потполно женски хотел.