Актерката Џени Гарт (47), најпозната по улогата на Кели во серијата „Беверли Хилс“, на Инстаграм објавила фотографија заедно со колешката Тори Спелинг (45). Во коментарите добила реакции кои веројатно не ги очекувала.
Нејзините следачи веднаш почнале да ја напаѓаат поради изгледот и да и замеруваат дека премногу користи ботокс. „Џени преубава си и не ти треба ботокс. За жал, овде изгледаш непрепознатливо“, бил еден од првите коментари на кои актерката одговорила: „Благодарам?“
View this post on Instagram
„Двете се непрепознатливи. Старејте природно со достоинство, а не со филери“, „Премногу пластика“, „Колку ботокс“, „Дали е ова првоаприлска шега? Ова не е Џени“, „Што ти се случило со лицето?“, биле само дел од коментарите.