Категории

Заменете ги нездравите чипсови со овие грицки со семки, пиво и буковец (РЕЦЕПТ)

Овие вкусни грицки ќе ги приготвите брзо и може да уживате во нив во замена од нездравите чипсови.

Состојки:

  • 200 мл пиво/бело вино
  • 200 мл масло
  • 400-500 гр брашно
  • 200 гр сончоглед лупен
  • 200 гр сусам
  • 50 гр семки од тиква
  • 1 пециво
  • 2 лажички оригано
  • 2 лажички буковска сол
  • 2 лажички сол

Подготовка:

Се замесува тесто од сите состојки, со постепено додавање на брашното. Се сучи кора тенка околу половина центиметар и се вадат форми. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, зависно од дебелината. Уживајте!

Прегледи:
2299
Објавено на:
21.11.2018