Категории

Замрзнатото Бајкалско Езеро потсетува на локација раскажана во бајка

Бајкалското Езеро е навистина импресивно, со неговата длабочина и чистина, а ова езеро во зима е сосема друга приказна, уште поубава и потсетува на локација раскажана во бајка.

Езерото е долго 600 километри, а максималната длабочина му е 1,642 метри. Ова езеро е замрзнато од јануари до мај, во зависност од временските услови, но неговиот заледен изглед е како од бајките и нешто што мора да се види.

 

Водата на Бајкалското езеро е многу чиста, па често може да се погледне до самото дно, да се видат разни тревки, риби, гранки, а бидејќи замрзнувањето е во слоеви, во мразот има и различни гранки и можеби по некоја риба.

Дебелината на мразот е одприлика 1-2 метри, а на него може да помине и возило кое тежи до 15 тона, што е неверојатно.

Мразот постојано распукува, во одредени периоди се слушаат звуци силни како грмотевици и истел од оружје, а тоа е единствениот начин како кислорот влегува во водата, како би преживеале рибите.

Во замрзнатото езеро можат да се видат најразлични форми, од замрзнати меури кои потсетуваат на топчиња памук, до илјадници линии кои го сечат езерото во сите правци. На некои места има одраз како огледало, а на некои места може да погледнете длабоко во него. Во зависност од периодот во денот, може да начекате и волшебно зајдисонце кое ќе ви ја направи посетата на ова езеро уште по бајковита.

Прегледи:
512
Објавено на:
17.01.2017