Категории

Запловете низ вкусовите, мирисите и бојата на Индонезискиот пазар на вода! (ФОТО)

Неверојатно многу чамци, преку 500, кои се поставени еден до друг, преполни со овошје и зеленчук во најживописни бои и текстури на кои локалните жени од индонезиското село Лок Баитан ги продаваат своите производи, го сочинуваат еден од најголемите пловни пазари во светот.

Жените кои продаваат на чамците се облечени во живи бои – сина, розова, портокалова и на тој начин го потполнуваат овој пејзаж кој најчесто е сочинет од разни видови банани, дињи и лубеници, манго, авокадо, кокоси, гуава, каки, кивано краставици и разни видови зелено овошје.

Оваа глетка делува спектакуларно и егзотично и веруваме дека неверојатно е чувството да се посети еден ваков пазар.

Прегледи:
535
Објавено на:
19.05.2020