Категории

Започнува сезоната на овошјето – Еве како темелно да го миете пред конзумирање

Започна сезоната на свежо овошје и зеленчук во која сите уживаме. Пазарните тезги и полиците во супермаркетите се полни со нашите омилени видови овошје и салати.

Сепак, проблем може да бидат пестицидите, кои нашироко се користат за третман на овошје и зеленчук. Има правила како, колку и кога храната се третира со пестициди, така што во финалните производи има пестициди во количина која не е штетна за нашето здравје. Се разбира, никогаш не сме сто проценти сигурни во тоа. Затоа е важно овошјето и зеленчукот темелно да се мијат пред употреба.

Имате се што ви е потребно за да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот во вашата кујна, а тоа се сода бикарбона и оцет. Прво измијте ги овошјето и зеленчукот, а потоа ставете ги во голема чинија. Измешајте вода и оцет така што односот да биде 3:1, на пример, на три чаши вода ставете една шолја оцет, а овошјето и зеленчукот оставете ги да отстојат најмалку 30 минути.

По половина час прелијте ја смесата од вода и оцет, потоа прелијте со чиста вода, а потоа додадете две полни лажици сода бикарбона и убаво измешајте. Овошјето и зеленчукот треба да отстојат најмалку 20 минути. Овошјето и зеленчукот измијте ги под млаз ладна вода, а потоа можете да уживате во вашиот омилен вкус.

Прегледи:
598
Објавено на:
31.03.2022