Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, „One Love Tour“ 2019, по трет пат минатиот викенд се одржа во Скопје и го донесе најдоброто од двете држави за сите генерации.
На настанот зеде учество и една млада девојка од Бугарија, која ги освои срцата и ја расплака многубројната публика на One Love Tour на плоштадот Мајка Тереза во Скопје, каде се собраа едни од најпознатите македонски и бугарски изведувачи.
Вистински музички бран и еуфорија се разлеа на плоштадот во главниот град, а покрај сите изведувачи не остана не заприметена младата петнаесетгодишна Поп и РНБ пејачка позната како Gabby G. која успеа да ја придобие македонската публика со изведбата на “Громови на душа” на звездата Тоше Проески. Едни 3 минути, кои ја покажаа силата на љубовта меѓу двата народа… три минути, кои беа посветени на Тоше.
Видео од емотивната изведба на “Громови на душа”:
Кариерата на Gabby G започнува во еден мал град во северна Бугарија. Како и секое дете, кое што се занимава со музика, се насочува кон стотиците музичи аудиции во Бугарија и надвор од неа, каде се здобива со доста награди. Но тоа се покажува недоволно за неа па снима редица кавери на популарни бугарски и меѓдународни изведувачи и за помалку од една година станува најуспешниот кавер изведувач во Бугарија, за видеото и песната победник од Евровизија 2018 (“Toy” на Netta Barzilai) собира блиску 2.5 милиони прегледи на Јутуб. Понатаму на само 15 години таа дебитира на бугарскиот музички поп пазар, каде наидува на исклучително голем интерес. Почетокот на летото оваа година таа го промовираше нејзиното првенче “Краен Срок”, кое е дело на македонскиот продуцент и композитор Јорданчо Василковски – Оцко и шведскиот хитмејкер Јохан Бејерхоум, кој е автор на едни од најголемите хитови на Араш.
Освен дебитантската песна “Краен Срок” и “Громови на душа”, Gabby G пред македонската публика ја исполни и “Worth It” на групата Fifth Harmony, “Old Town Road” и омилената на сите нас – “Македонско девојче”.
Во прилог линк од изведбата на Gabby G на песната “Македонско Девојче”: