Категории

Зборови кои ја милуваат душата: 15 цитати на Паоло Коелјо

1. Кога сакаме, секогаш се трудиме да станеме подобри од тоа што сме. Кога се трудиме да станеме подобри, сѐ околу нас станува подобро.

2. Ако мора да постои болка, пушти ја нека дојде и да пројде што побргу. Ти преостанува цел живот да го живееш онака како што сакаш.

3. Чекање на болката. Заборавање на болката. Но, полошо од патењето е да не знаеш што да правиш.

4. Ако чекаш секогаш сонце, никогаш нема да стигнеш нигде.

5. Наједноставните работи се и најнеобични и само мудрите луѓе можат да ги видат.

6. Кога некој оди, значи дека некој друг набргу доаѓа.

7. Секој човек, што и да прави, игра важна улога во историјата на светот. И обично е потполно несвесен за тоа.

8. Самотијата нѐ учи како да живееме со другите луѓе. Бесот нѐ учи колку е важен мирот. Досадата ја нагласува важноста на спонтаноста и авантуристичкиот дух. Тишината нѐ учи зборовите да ги користиме одговорно. Се заморуваме за да ја сфатиме вредноста на радоста. Болеста доаѓа за да научиме колкав благослов е здравјето. Оганот нѐ учи на вредноста на водата. Земјата нѐ учи на вредноста на воздухот. Смртта нѐ учи на вредноста на животот.

9. Не им се предавај на своите стравови. Нема да можеш да зборуваш од срце.

10. Можам да бирам дали ќе бидам жртва на светот или ловец на богатство. Единственото прашање е како гледам на светот.

11. Тајната на успехот и среќата и да паднеш седум пати и да станеш осмиот.

12. Не слушај лоши коментари од оние кои никогаш не ризикувале, туку само знаат да ги забележат туѓите неуспеси.

13. Животот секогаш чека да се случи некоја криза, за да се покаже во најдобро светло.

14. Луѓето можат да преживеат недела дена без вода, две недели без храна, со години без куќа, но никој не може да преживее без самотија. Осаменоста е најлоша од сите тортури, најлоша од сите таги.

15. Кога нешто сакаш, целиот Универзум ќе се помести за да успееш.

Прегледи:
1016
Објавено на:
23.09.2021