Категории

Зборови кои ќе ви помогнат кога сте лошо расположени

Не мораме секогаш да бидеме насмеани, добро расположени и весели. Лошото расположение е сосема природна реакција на негативните случувања низ кои поминуваме, но важно е тоа лошо расположение да не се влече до недоглед.

-Немојте да бидете строги спрема себеси, секој има лоши денови.

-Разговарајте или допишувајте се со позитивни луѓе.

-Направете попис на нештата за кои сте благодарни.

-Дишете длабоко.

-Добро наспијте се. Недостатокот на сон е една од причинните за лошото расположение.

-Пејте гласно заедно со музиката.

-Немојте да слушате депресивна музика. Префрлете се на повесели песни.

-Потсетете се дека не сте единствената лошо расположена личност. Такви има повеќе отколку што мислите.

-Занимавајте се со нешто. Најтешко е да се борите со негативното расположение кога сте сами и да не се занимавате со ништо.

-Организирајте ги проблемите. Ако нешто е проблем за утре, тогаш грижете се за тоа утре.

-Вежбањето вистински го поправа расположението.

-Избегнувајте јога или медитација, ако седите во мир и тишина некое време тоа може додатно да го влоши вашето расположение освен ако стресот и активностите не се причина за вашето лошо расположение.

-Чоколадото и сладоледот секогаш помагаат.

-Дозволете си на себеси креативно време. Сликајте, цртајте, фотографирајте, пишувајте песни, замислете каква зграда би сакале да изградите, како би го уредиле локалниот парк, кои јадења би ги послужиле да имате ресторан..

-Игрите помагаат. Пронајдете некоја игра, било друштвена или видео.

-Гледајте весели музички спотови. Танцувајте како девојките кои изгледаат добро а тоа може да ве поттикне да почнете да се занимавате со себеси и својот изглед.

-Превземете одговорност. Седењето во тага го пролонгира лошото расположение. Направете нешто проактивно. Сфатете што стои помеѓу вас и насмевката и активирајте се да го промените тоа.

Прегледи:
636
Објавено на:
24.11.2020