Категории

Здрави кнедли со сливи: Омилен десерт кој може да го јадете без грижа на совест! (РЕЦЕПТ)

Обидете се да направите малку поинаква комбинација од состојки со сливи кои сигурно ќе ве воодушеват.

Состојки:

  • 500 гр слатки компири
  • 50 гр пченкарен гриз
  • 100 гр пченкарно полубело брашно
  • 6 големи лажици шеќер во прав
  • прстофат сол
  • ½ лажичка цимет

Полнење:

  • 4- 5 поголеми сливи или 8-9 помали
  • 1 лажица цимет

Одозгора додадете:

  • 2 лажици кокосово масло
  • 12-14 големи лажици рендан кокос
  • 6-8 лажици шеќер
  • 1 лажица цимет

Подготовка:

  • Неизлупените компири ставете ги во рерна загреана на 200 степени. Печете додека не омекнат.
  • Оладете ги, излупете ги, ставете ги во сад и притиснете ги со вилушка.
  • Додадете гриз, брашно, шеќер во прав, сол и цимет.
  • Со рацете замесете меко тесто, според потребите додадете уште малку шеќер во прав и брашно.
  • Разделете го тестото на 8-9 топчиња.
  • Сливите измијте ги, исушете ги, преполовете ги и извадете им ги лушпите.
  • Ако се сливите големи исечете ги на четвртини.
  • По желба сливите зачинете ги со една лажичка цимет.
  • Со раце спласнете ги топчињата од тесто и полнете ги со сливи.
  • Со раце обликувајте  топчиња.
  • Во поголем сад загрејте вода се додека не почне да врие.
  • Додадете малку сол во водата.
  • Во врела вода додадете кнедла по кнедла и варете 9-10 минути, односно додека кнедлите не испливаат на површина.
  • Кога ќе испливаат на површина варете уште 2-3 минути.
  • Загрејте го кокосовото масло на тавче, додадете му кокос, шеќер и цимет.
  • Постојано мешајте и пржете додека кокосот не зарумени.
  • Ставете ги кнедлите
Прегледи:
1067
Објавено на:
06.09.2019