Категории

Здравствени проблеми поради кои луѓето се срамат

Современиот човек се среќава со разни животни ситуации, но разговорот за некоја болест и понатаму е табу, а предизвикува лавина од осуди и озборувања.

Неодамна спроведената студија во Велика Британија утврди дека еден од десет луѓе не одат на лекар затоа што им е срам поради одреден здравствен проблем. Еректилна дисфункција, секрет, инконтиненција и депресија се само некои од проблемите поради кои се срамат.

Ова истражување покажа дека 39 отсто од испитаниците предолго „трпат“ симптоми од овие здравствени проблеми како би го избегнале разговорот за нив затоа што им е срам.

„Срамот се јавува од две причини – или се обвинуваат себеси што дошло до тоа или се плашат дека другите ќе ги осудуваат. Важно е луѓето да сфатат дека лекарите овие здравствени проблеми ги виделе многу пати порано, и тоа е нивна работа, нема да ве осудуваат и можете да имате доверба во нив“ – вели психологот Џо Хемингс.

Ова се само некои од здравствените проблеми поради кои луѓето се срамат да се консултираат со лекар:

Еректилна дисфункција
Поголемиот дел од мажите над 40 години имаат повремени епизоди на импотенција и тоа најчесто не е причина за грижа. Најчестите причини за дисфункција се стрес, анксиозност, умор, алкохол или можат да се јават како последица од некои лекови.

Секрет
Лачењето на секрет е нормално и не треба да се грижите затоа што се јавува кај поголемиот дел од жените. Количината и текстурата на секретот варираат кај жените во зависност од сексуалната активност, бременоста или менструалниот циклус.

Инконтиненција
Ова е чест проблем кој ги погодува милиони луѓе. Лечењето зависи од сериозноста на симптомите и типот на инконтиненција.

Депресија
Депресијата најчесто се јавува кај оние луѓе кои имаат историја на оваа болест во семејството, но не и само кај нив. Овој проблем е се почест и зависи од сериозноста на депресија, и може да се јавува поради многу причини.

Непријатен здив
Најчестото решение за непријатен здив е промената на навиките на денталната хигиена – редовно миење на забите, употреба на конец и срество кое ги чисти бактериите од устата.
Сепак во некои случаи може да биде причина и некоја инфекциа и расипан заб.

Прегледи:
460
Објавено на:
24.10.2019