Категории

Жената ВАГА: Тешко ќе ви го даде своето срце, но ако успеете да ја освоите, ќе ви припаѓа засекогаш

Една од заблудите кога е во прашање овој хороскопски знак е нејзиниот неодолив шарм и насмевка. Не заборавајте дека нејзината насмевка не значи дека ќе биде ваша, за да ја освоите ќе морате многу да се потрудите.

Да тоа е жената ВАГА

Венера, божицата на љубовта открива најмногу како пристапуваме кон врските, романтичните мигови и љубовта. Нејзината положба во знакот, куќите и нејзините апскети, можат да го откријат начинот на кој ја искажуваме нашата љубов.
ВАГАТА е знак со кој владее Венера, според што жената родена во овој хороскопски знак е во постојана потрага по хармонични односи. Во љубовта, вагата бара еквилибриум, совршена рамнотежа на духот и телото, таа бара постојано опсипување со љубов.
Таа ужива кога е сакана и ќе биде потполно посветена на својот избраник. Иако Вагите делуваат смирено и прибрано, тие можат да бидат многу возбудливи и романтични кога се опуштени. Жената Вага не игра игри кога сака. Таа е многу внимателна и понекогаш болно искрена.
Жената Вага е отелотворение на правда и баланс. Исклучиво е друштвена и има дарба за комуникација. Харизматична е и многу лесно ги освојува луѓето околу себе.
Таа нема лесно да ви го даде своето срце, за него ќе морате да се потрудите, но еднаш штом успее, ќе биде ваша засекогаш!

Прегледи:
672
Објавено на:
11.10.2019