Категории

Жежок тренд: Фустан со голи рамена

Ова лето без сомнение е во знакот на голите рамена.. Овие парчиња се совршени за високите температури, а и воедно тренди начин да ја спречите топлината да влијае на вашето тело.. Воедно овие парчиња на вистински софистициран начин умеат да ја истакнат женственоста и да измамат погледи.. Комбинирањето е многу лесно и забавно, пример блузите со голи рамена совршено одат со пар плави фармерки, кратки pencil сукни, можете да ги комбинирате со високи потпетици дури и со патики.. Фустаните со голи рамена пак се совршен избор за секаква пригода, кога сакате да изгледате елегантно на свечена вечера со колегите, или кога сте на дневна прочетка или кафе, овие фустани исто така се совршен избор за на плажа, во нив ќе изгледате како вистинска летна божица а и притоа одлично умеат да го истакнат исончаниот тен.

Прегледи:
848
Објавено на:
07.07.2016