Категории

Жежок тренд: Фустан со отворен грб

Фустаните со полу отворен или целосно отворен грб може да изгледаат неверојатно неодоливо доколку ги носите на вистинскиот начин. Но главното правило кога се е во прашање овој модел на фустан е дека морате на заборавите на градниците, т.е. оние кои се со потпора и закопчување во задниот дел бидејќи во спротивно би се изгубила вистинската смисла и шмек на носење на ваквиот фустан со гол грб, затоа постојат специјално наменети градници со леплива потпора во предниот дел кои дефинитивно морате да ги имате во вашата колекција на долна облека. Секако овој вид на фустан најдобро би стоел на девојките со мали гради но тоа не значи дека би им стоел на сите девојќи без разлика на величината на корпите се додека моделот не ја има вистинската форма и величина. Овој модел на фустани се дефинитивно најжежок тренд ова лето, па погледнете ја галеријата подолу и инспирирајте се да го пронајдете вистинскиот избор и за вас.

Прегледи:
546
Објавено на:
18.07.2016