Категории

Живејте го вашиот сопствен живот со свое темпо – Живејте го животот според свои услови.

Бидете трпеливи со самите себе и дајте си време колку што ви треба за да заздравите и да се обожавате какви што сте одвнатре и однадвор. 

Вака учите како да се сакате себеси на начин на кој ги сакате другите.
Се дистанцирате од луѓето што прават да се чувствувате како да не сте доволно добри. Длабоко во срцето знаете дали некој не е добар за вас, затоа живејте ја својата вистина.
Полека престанувате да се споредувате со другите. Секој има свој пат и вие не можете да го споредувате вашиот живот со некој за кого не знаете ништо. Живејте го вашиот сопствен живот со свое темпо. Живејте го животот според свои услови.
Учите како да се однесувате кон себеси. Не ги спуштате вашите критериуми. Не дозволувате една негативна мисла да стане начинот на кој се чувствувате за себе. Обидете се најдобро да ја претворите негативата енергија во позитивна; и гледајте колку брзо може да се промени вашиот начин на размислување.

Вие се грижите за себе. Одите на повеќе прошетки или пронајдете нешто во кое уживате, нешто што прави да се чувствувате добро со себе, нешто што ве тера да си доаѓате кај себе како во свој дом, научете како да го направите својот ум пријатно место каде ќе престојувате. Обидете се да ги претворите токсичните навики во нови кои се добри за вас.
Започнете длабоко да размислувате за луѓето со кои поминувате време. Дали се токсични? Дали тие ве депримираат? Дали се чувствувате како да вредите повеќе од начинот на кој ве прават да се чувствувате? Можеби е време да оцените со какви луѓе сте опкружени и да се усогласите со луѓе кои ве воздигнуваат и ве ценат.

Учите како да се залагате за себе. Преземете контрола над ситуацијата кога чувствувате дека ве искористуваат. Можеби ќе биде непријатно на почетокот, но штом ќе почнете да се залагате за себе, ќе научите да се почитувате себеси многу повеќе со текот на времето. Разберете дека да се сакате себеси е процес. Нема да се случи преку ноќ. Бидете трпеливи со самите себе и дајте си време колку што ви треба за да заздравите и да се обожавате какви што сте одвнатре и однадвор. Не дозволувајте никој да застане на патот на личноста што станувате.

Прегледи:
570
Објавено на:
06.03.2021