Бидете благодарни на тешките времиња. Тие ви покажуваат колку силни можете да бидете.
1.Бидете благодарни на тешките времиња. Тие ви покажуваат колку силни можете да бидете.
Од маката се раѓаат најсилните души, најголемите карактери живеат со лузни.
2.Љубезноста е одлика на силните.
Нежноста и љубезноста не се знаци на слабост и очај, туку манифестација на сила и одличност.
3.Не постои апсолутна вистина.
Не зборувајте дека сте ја пронашле реалната вистина, кажете дека сте ја нашле вистината.
Не знам за апсолутна вистина. Но сум понизен пред своето незнаење и тука се наоѓа мојата чест и награда.
4.Само малите луѓе се обидуваат да ги омаловажат и понижат другите.
Мал си ако ги омаловажуваш другите.
5.Полесно е да заборавиш зло кое ти го прават тебе другите отколку зло кое им го правиш на другите.
Ако некој те повреди, можеби ќе ја заборавиш повредата, но ако го повредиш друг, ќе запамтиш.
6.Можеби ќе ги заборавиш оние кои те насмеале, но никогаш нема да ги заборавиш оние кои биле покрај тебе кога ти биле потребни.
Можеби ќе ги заборавиш оние со кои си се смеел, но никогаш нема да ги заборавиш оние со кои си плачел.
7.Најнеобичните нешта во животот се оние наједноставните.
8.Љубовта е живот и животот е љубов.
Кога сакате, не треба да кажете: Бог е во моето срце, туку, јас сум во срцето на Бог.
Животот без љубов е како дрво без цвеќиња и овошје.
9.Секогаш гледајте на светлата страна на животот.
Оптимистот гледа ружа, не нејзините трња, песимистот не трепнува додека гледа во трњата и ја игнорира ружата.
10.Не ги гледаме нештата онакви какви што се. Ги гледаме онакви какви што мислиме дека се.
Привидувањето на нештата се менува складно со чувствата. Додека гледаме магија и убавина во нештата, тоа е само магија и убавина во нас.