Животни ситуации во кои ќе се пронајдат само дамите над 35 години

Неколку дами се пошегуваа на своја сметка споделувајќи ги овие нешта на социјалните мрежи
Дали се пронаоѓате во некои од нив?

Откако ќе наполните над 35 години веќе можете да пронајдете логика во овие нешта:

1.Одите низ станот и викате: „Зарем во секоја соба во оваа куќа мора да има запалено светло?“
2.Наглас да се чудите како собата која пред малку сте ја средиле повторно изгледа како да паднала атомска бомба.
3.Длабоко да воздивнувате и тоа на 20 различни начини.
4. Кукате како премалку излегувате, а притоа не присуствувате на нити една забава на која сте поканети, никогаш.
5.Лечите настинка така што облекувате, блуза, поткошула, чорапи, папучи, и дебел џемпер.
6.Бесно ја бришите работната површина во кујната.
7.Истовремено го бришите умивалникот, водите разговор, нанесувате кармин и се чешлате.
8.Сите оние стари, чудни, гласни жени без мажи ви се драги и нормални.
9.Посакувате да постои ноќен клуб каде што ќе можете да играте и да отпуштите но само ако отвара во 4 часот на пладне.
10.Уживате во читањето. Ја ставате книгата покрај креветот и никогаш не успевате да прочитате повеќе од три страници.
11.Викате зошто е телевизорот пуштен кога нема никој во собата.
12.Половина од вашиот гардеробер се состои од облека која не ја носите, но не сакате да се ослободите од неа.
13.Водите разговори самите со себеси.
14.Се расправате со младиот сосед кој прави бучава во 7 часот навечер.
15.Одите на продавница по нешто, но немате појма по што, па се присетувате тогаш кога ќе се вратите и веќе ќе седнете.




Коментари

коментари