Категории

Животот е школо – а ова се неговите правила

Ако воопшто постојат некои правила во животот, тогаш тоа се овие

1.Ќе добиете тело. Можете да го сакате или мразите, но ќе биде ваше целиот живот.

2.Ќе учите лекции. Запишани сте во неофицијалното школо наречено наречено Живот. Во тоа школо секојдневно ќе имате прилика да учите одредени лекции. Тие лекции можеби ќе ви седопаднат а можеби ќе сметате дека се неважни или глупи.

3.Не постојат грешки, постојат само лекции. Растењето е процес на обиди и грешки: експериментирање. Несупешните експерименти се исто така дел од процесот како и оние кои успеваат.

4.Лекцијата се повторува додека не се научи. Лекцијата ќе ви биде понудена во различни облици се додека не ја научите. Дури откако ќе ја научите, можете да преминете на следната.

5.Учењето никогаш не престанува. Не постои доба од животот која нема своја лекција. Ако сте живи, секогаш постои некоја лекција која треба да ја научите.

6.„Таму“ не е подобро од „тука“. Кога нашето „таму“ станува „тука“, едноставно ќе ви се појави некое ново „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро отколку „тука“.

7.Огледувајте се на другите. Можете да сакате или да мразите нешто кај одредени личности доколку тоа се одразува на нешто кое го сакате или мразите кај себеси.

8.Само од вас зависи каков живот ќе водите. Ги посеудвате сите способности кои ви се потребни. Од вас зависи како ќе ги употребите – изборот е ваш.

9.Решението е во вас. Одговорите на животните прашања лежат во вас. Само е потребно да ги видите, чуете и поверувате.

10.Сето ова ќе го заборавите.

Прегледи:
727
Објавено на:
03.03.2020