Категории

Златна крвна група која ја имаат само 43 луѓе на светот!

Постојат четири основни типови на крвни групи – А, Б, АБ и 0, а нивната зачестеност најмногу зависи од генетиката и од групата народи на кои припаѓаме.

Повеќето луѓе се Rh позитивни, се проценува дека само 15% од популацијата е Rh негативна.

Сепак буквално постојат милиони варијации на крвните групи, а најретката ја имале само 43 луѓе во светот. Овој вид во 1961 година за прв пат е дијагностициран кај Абориџина. Оваа најретка крвна група нема ниту еден од 50 антигени од системот Резус, а нејзиното име „златна“ го добила затоа што е толку ретка.

Она што ја прави оваа крв посебна е тоа што е значително подобра како универзален донатор од крвната група 0 и е компатибилна со сите други ретки крвни групи, но за жал, во светот има само уште девет живи донатори.

Научниците ја нарекуваат „златна крв“, а оние што ја имаат се почестени од една страна затоа што можат да спасат сечиј живот, но доколку се во опасност, само осум лица во светот можат да им помогнат.

Прегледи:
793
Објавено на:
13.09.2019