Десетгодишната златна рипка била во лоша состојба, болна и на умирање, старите сопственици ја оставиле во пет-шоп. Сепак, еден ден се појавила жена која одлучила да се обиде да ја спаси, па ја однела дома.
Болната рипка повеќе не можела нити да плива а како резултат лежела на дното и и се развиле лезии на стомакот.
Жената секојдневно и ја менувала водата и константно се грижела за неа.
Рипката полека почнала да се опоравува и почнала помалку да плива па дури и бојата на телото почнала да и се менува.
Спасениот борец го доби името Монстро, а денес има сино златна боја, а живее и во многу поголем аквариум каде неодамна доби и друштво.
„Не знам колку долго ќе живее но сигурно остатокот од својот живот ќе го помине среќен и задоволен“ – вели сопственичката.
@heretherebesculpturesThe one where you accidentally become a goldfish keeper. Meet Monstro 🖤 #rescue #inspirational #goldfish #rescuepet #fish #recovery♬ Inspirational Piano – AShamaluevMusic