Категории

Знаете ли зошто илјадници жени во Исланд ги напуштаат работните места во 14:38 часот?

За илјадници жени од Исланд, борењето за еднакви права значи излегување од работа порано. Имено, жените од целата земја ги оставиле нивните паметни телефони, ги исклучиле лаптопите и компјутерите и ги откажале состаноците во 14:38 часот со цел да протестираат во врска со разликите во платата кои постојат помеѓу мажите и жените.

Зошто 14:38? Протестантите не го одбрале ова време по случаен избор

Според најновите податоци на Европската Унија, жените во Исланд заработуваат 18% помалку од нивните мажи колеги, што е добро во споредба со многу други држави, но сепак, не е оправдано, освен доколку нивното работно време не би било за 18% пократко, што значи дека тие треба да излезат од работа во 14:38 часот.

Ова не е прв пат жените во Исланд да штрајкуваат

Во 1975 година, синдикатите и организациите за правата на жените во оваа земја го организирале првиот слободен ден. Според извештајот на BBC, учествувале 90% од жените во оваа земја, вклучувајќи ги и домашните вработени, како и невработените мајки. Штрајкот ја окупирал земјата, поради што многу мажи биле принудени да ги одведат нивните деца во канцеларијата.

2-znaete-li-zoshto-iljadnici-zheni-vo-island-gi-napushtaat-rabotnite-mesta-vo-1438-chasot

„Најверојатно многу луѓе го потценуваа влијанието на овој ден во тоа време – подоцна и мажите и жените почнаа да сфаќаат дека тоа беше пресвртница“, вели еден поранешен уредник на весник.

Првата жена претседател на Исланд (и во Европа), Вигдис Финбогадотир, која му се приклучила на првиот протест пред 40 години, смета дека ова ѝ помогнало да ѝ се отвори нејзиниот пат за избор пет години подоцна.

3-znaete-li-zoshto-iljadnici-zheni-vo-island-gi-napushtaat-rabotnite-mesta-vo-1438-chasot

Овој протест во 2016 година е четврти пат како жените во Исланд излегуваат на штрајк и времето на напуштање на работното место се зголемува со секое зголемување на нивните плати. Имено, во 2005 година тие излегле на протести во 14:08 часот, додека пак во 2008 тие го напуштиле работното место во 14:25 часот. Ако нештата продолжат вака, за да исчезне разликата во платите помеѓу мажите и жените во Исланд, ќе бидат потребни повеќе од 50 години. Извештајот на Светскиот економски форум проценува дека глобалната разлика може да потрае и до 118 години. Но, доколку првиот протест го смени начинот на кој државата го вреднува трудот на жените, тогаш можеби под притисок на помасовни настани, работите би можеле да се забрзаат.

4-znaete-li-zoshto-iljadnici-zheni-vo-island-gi-napushtaat-rabotnite-mesta-vo-1438-chasot

Можеби наредниот ден во иднина кога жените ќе треба да протестираат, тие ќе може да излезат од работа заедно со нивните машки колеги, кога нивните плати ќе бидат изедначени.

Прегледи:
471
Објавено на:
28.10.2016