Категории

Знаци кои покажуваат дека сте успеале во животот

Сите сме доживеале денови, седмици, па дури и месеци кога пред нас биле надвиснати темни облаци и кога на овој или на оној начин, сме се чувствувале потиштено и депресивно.

Многу често сме зафатени со секојдневните активности па забораваме да застанеме за миг и да уживаме во малите победи. Размислете за миг и ќе сфатите дека вие правите огромна работа во вашиот живот. Животот можеби и не е лесен, но може да биде многу попријатен и поубав кога во него гледаме добро, наместо да се фокусираме на негативните нешта.

Доколку се препознаете во следните неколку знаци, вие живеете добар живот.

-Вашите врски се помалку драматични од претходно

-Можеби немате пари онолку колку што посакувате, но живеете исполнет живот

-Не се плашите да побарате помош и поддршка

-Каде и да живеете, имате чувство дека сте како дома

-Сте ги подигнале своите стандарди

-Сте се откажале од нештата поради кои не се чувствувате добро

-Имате мигови кога го цените она кое го гледате во огледалото

-Работите на ограничување на внатрешниот критицизам и свесно бирате позитивни мисли

-Сте научиле дека неуспесите и падовите се дел од личниот раст

-Имате систем на поддршка кој вклучува луѓе кои би направиле се за вас

-Често слушате „те сакам“ од пријателите, семејството или партнерот

-Сте го прифатиле она кое не можете да го промените, но го менувате она кое не можете да го прифатите

-Не се жалите многу и наместо тоа се фокусирате на пронаоѓање решение

-Не ги обвинувате вашите родители и ги прифаќате онакви какви што се

-Сте престанале да се грижите за тоа што другите мислат за вас

-Среќни сте поради поранешните партнери кога им е добро во животот

-Радо ги славите успесите на другите луѓе

-Си дозволувате на себеси да ги почувствувате своите емоции и немате проблем да ги споделувате со другите

-Имате страсти кои ги следите

-Во состојба сте да прифатите комплимент без страв дека некој ќе побара нешто од вас

-Имате нешта на кои им се радувате

-Имате цели кои сте ги оствариле

-Емпатични сте спрема другите

-Чувствувате поврзаност со вашата работа

-Сакате на доста длабок начин и отворени сте да ве сакаат и другите луѓе

Прегледи:
501
Објавено на:
12.12.2020