Довербата е есенцијален дел на секој партнерски однос и без неа не можеме да очекуваме дека нашата врска ќе просперира.
Ако поседувате било каква сомнеж за вашиот партнер, ви нудиме неколку примери кои се надеваме дека ќе ви помогнат да го отстраните сомнежот од вашиот живот.
# Вашиот партнер нема заштитна лозинка на телефонот ниту компјутерот…тоа значи дека тој не чувствува потреба да крие нешто од вас, и секако ја заслужува вашата доверба.
Но и да ставил лозинка, не значи дека треба да паничите, некои луѓе не сакаат да ги делат своите конверзации.
# Со вас ги дели своите желби и мисли…отвореноста кон вас е доказ дека можете да му верувате.
Кога некој ги споделува со вас мислите, плановите и секогаш ве сослушува, верувајте дека со таква личност можете да се опуштите.
# Не бара изговори ниту оправдувања…искреноста е најдобра опција. Откажување на состанок или измислување на глупави причини зошто не може да се види со вас е иритантно и покажува дека не ве цени доволно.
# Лојалните личности ги признаваат своите грешки…кој не греши? Важно е да не се премолчува ниту да не се лаже. Разговорот може да поправи скоро се.
# Никогаш не дозволува да испаднете глупави…личноста на која можете да и верувате и да и ги доверувате вашите тајни никогаш нема да ги изнесе во јавност вашите проблеми и грешки за да се чувствувате лошо.
# Секогаш го бара вашето мислење кога донесува важни одлуки…со тоа што се консултира за важните работи покажува дека сте му важна личност во неговиот живот.
# Вклучена сте во неговиот социјален живот….кога некој ви е важен логично е дека ќе го запознаете со пријателите и семејството.