Категории

Зошто Бред Пит секој ден им се јавува на своите родители?

52 -годишниот Бред Пит е скршен и често плаче. Не може да верува во што му се претворил животот преку ноќ.

Минаа точно две седмици откако Анџелина Џоли ги предаде документите за развод од Бред Пит.

Наводно холивудскиот актер тешко ја поднесува новонастаната ситуација  и секој ден телефонира кај своите родители.

“Децата му се единствената утеха која ја наоѓа во разговорот со родителите и пријателите, а најмногу со мајка му, со која се слуша секој ден“ вели неименуван извор за за Ју-Ес Викли .

Родителите на Бред, Џејн и Дил живеат во Мисури. Бред ги има  братот Даг и сестрата Џули.

Прегледи:
354
Објавено на:
25.10.2016