Категории

Зошто е добро да знаете која крвна група сте?

Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето, која може да влијае врз целиот наш живот.

Сепак, многу луѓе не си ја знаат својата крвна група, а ако сте едни од нив, веднаш ќе посакате да ја дознаете откако ќе го прочитате овој текст. Зошто е добро да знаете дали сте A, B, AB или 0 крвна група?

Крвната група дава увид во вашата генетика

Познавањето на крвната група може да ви помогне во разбирањето на тоа како вашето тело реагира на одредена храна, на кои болести може да сте склони, како реагирате на стрес, како стареете и уште многу други работи. Едноставно, крвната група може да ви служи како алатка во одредување на тоа што е добро, а што лошо за вас и полесно да го одредите начинот на исхрана за вашиот организам. Истражувањата покажале дека кај луѓето со одредена крвна група постои поголем ризик од одредени болести.

На пример, кај луѓето со крвна група 0 постои помал ризик од срцеви болести, а поголем ризик од појава на чир на желудник. Личностите со крвна група А имаат поголем ризик од микробни инфекции и кај жените со оваа крвна група забележана е поголема плодност. Кај оние со AB и B крвна група, забележан е поголем ризик од болести на панкреасот.

Крвната група помага при одредување на најздравиот начин на исхрана

Four woman standing side by side, holding papers written their blood type, front view

Антигените (молекули кои поттикнуваат создавање на антитела, односно имуна реакција на организмот) на вашата крвна група не се наоѓаат само во крвта, туку се раширени по целиот организам, особено во деловите од телото кои се во интеракција со околината. Тоа го вклучува и системот за варење, од устата до дебелото црево, како и дишните патишта и белите дробови. Со оглед на тоа дека антигените се насекаде, тие влијаат на тоа како телото реагира на храната која ја јадете.

Освен тоа, одредена храна содржи лектини, белковини кои се врзуваат на антигените на крвната група и предизвикуваат аглутинација на крвта поради што може да чувствувате замор, главоболка, проблеми при варењето на храната, проблеми со кожата и други здравствени проблеми.

Познавањето на крвната група може да ви го спаси животот

Најважната причина поради која би требало да знаете која крвна група сте е тоа што токму тој податок може да ви го спаси животот во случај на сообраќајка или некој друг вид на несреќа која бара трансфузија на крв.

Прегледи:
511
Објавено на:
25.10.2016