Гостин на Жаре оваа сабота во 19:15 часот ќе му биде победникот на регионалниот „Х-Фактор” и поранешен претставник на Македонија на Евровизија – Даниел Кајмакоски.
Даниел ќе открие многу интересни работи за неговото време во Х-Фактор, ќе каже работи што бил обврзан да не ги зборува тогаш, но ќе објасни и дека славата не е така едноставна како што изгледа. Меѓу другото Даниел ќе има неколку фантастични настапи во живо и ќе не потсети зошто е еден од најперспективните пејачи на балканот.
Многу убави причини да го гледаме најпопуларното домашно ток шоу Еден на Еден, оваа сабота во 19:15 часот на Телма. Погледнете ја најавата за епизодата: