Категории

Зошто голем број луѓе се здебелуваат откако ќе стапат во брак

Неколку нешта може да доведат до зголемување на телесната тежина по бракот. Можеби ќе ја најдете причината зошто тоа ви се случило, а можеби и другата страна на паричката едноставно ќе ви биде интересна.

Нов живот – ново мени
Можеби пред свадбата особено сте се погрижиле за исхраната за да изгледате совршено во венчаницата. Новиот живот, особено ако претходно не сте живееле заедно, носи ново мени.

Сега се прилагодувате еден на друг кога е диетата во прашање, купувате повеќе слатки, чипсови и слични грицки за заеднички вечери за кои досега не сте ни размислувале. Потоа, се организираат забави за пријателите и роднините, а тука ви остануваат сите колачи од свадбата… Не е ни чудо што килограмите брзо почнуваат да се таложат.

Нови приоритети
Ако прошетката секој ден пред свадбата беше високо на листата, сега веројатно е поместена неколку места подолу. Како и редовна физичка активност, планинарење, возење велосипед… Сега имате нови приоритети кои ги носи брачниот живот, а одржувањето на тежината не е баш на врвот.

Кога готвите, чистите, уживате во надградувањето на врската и слободното време го поминувате со партнерот, едноставно не наоѓате време и волја да се движите како порано. Можеби можете да пробате заеднички активности? Или редовно одете на патувања каде барем ќе прошетате, ќе возите велосипед или ролери, ќе веслате… Што и да сакате.

Стрес поради промена
Можеби не сте навикнати на нови приоритети и ќе биде подобро да се запознаете со оваа ситуација: направивте голема промена во вашиот живот и покрај тоа што знаете колку вашиот сопруг ве сака и вашата врска цвета, чувствувате страв и вознемиреност поради нов живот…

Не грижете се, не сте единствените. За многумина храната е и единственото решение кога се под стрес. Но, добрата вест е дека стресот ќе помине порано или подоцна. Во меѓувреме, обидете се да се држите до вашите здрави навики и редовно да вежбате.

Биологија
Причината за ненадејното дебелеење набрзо по бракот може да лежи во биологијата, поточно во хормоните. Чувството дека сте дел од сериозна врска носи многу емоционални промени, кои влијаат на мозокот. Покрај длабоката приврзаност кон партнерот и опуштањето, почнува да се ослободува и хормонот окситоцин (хормон на љубовта), кој може да влијае на зголемувањето на килограмите.

Но, не грижете се, ова може да се поправи. Почнете да се грижите за себе и повеќе вежбајте, движете се и обидете се да се храните здраво, што брзо ќе ви се исплати.

Прегледи:
683
Објавено на:
15.03.2022