Категории

Зошто хрчаците се идеални миленичиња

Нема човек кој не сака животни. Но, не сите имаме простор да чуваме големо животно како куче или маче, а и овие животни бараат многу внимание и време, кои, повторно, не сите ги имаме. Затоа, хрчачето е совршено домашно милениче. 

Хрчаците се солитерни животни. Тие го сакаат вашето внимание, но не повеќе од 15-20 минути дневно.

Тие се чисти животни. Ваша обврска ќе биде еднаш во денот да ги отстранувате нивните фекалии и малкуто пилевина каде што уринираат (тоа го прават на едно место); и еднаш неделно да им ја променувате пилевината.

Нивното одржување е многу евтино. Храна за во просек 1 месец кошта околу 100 денари, а толку кошта и пилевината за 1 месец.

Не зафаќаат многу простор. Секако, колку поголем терариум или кафез можете да им обезбедите, толку подобро. Но, минималниот простор за хрчак е 1000 cm, значи, колку за перспектива, секој кафез или терариум што е 30 x 35 cm, или 40 х 25 cm, е доволен.

Немаат огромни барања во однос на исхрана и вода. Обично имаат поилка (слична како кај папагалите) која ја испразнуваат за 3 или 4 дена ако не е променета, но за хрчачето е најдобро да ја променувате водата секој ден. Исто така, храна им се става еднаш во денот, по еден грст. Тие се штедливи и својата храна ја распределуваат мудро во текот на денот.

Најбитно од сѐ, хрчачињата се неверојатно мили животни кои секојдневно ќе ви го разубавуваат животот.

Прегледи:
1192
Објавено на:
14.05.2020