Категории

ЗОШТО И КАКО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ВНЕСУВААТ ОМЕГА – 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ?

Рибиното масло кое го внесуваме заради омега-3 масни киселини е еден од најмоќните суплементи.

Зошто омега – 3 масните киселини се добри за нашето здравје?

Бенефитите од омега – 3 масните киселини се бројни. Ќе издвоиме неколку:

1. Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларните болести

Од секогаш е познато дека популацијата која јаде повеќе риба има помали шанси да добие кардиоваскуларни болести. Сега знаеме дека тоа е најмногу заради омега – 3 масните киселини кои се наѓаат во рибата.

2. Ги намалуваат хроничните воспаленија

Самиот процес на воспалување е важен за нашиот организам – му помага на телото да се бори против инфекции и да ја отстрани штетата, но понекогаш инфекциите знаат да прераснат до посериозни срцеви болести.

3. Помагаат во борбата со депресија и аксиозност

Од трите омега – 3 масни киселини (ALA, EPA и DHA) EPA е намногу поврзана со борбата против депресија. Една студија покажа дека EPA во одредени количини влијае во борбата против депресија исто како и Prozac (антидепресив).

4. Помага во спречување на настанување на рак

Во различни студии, омега – 3 масните киселини ги поврзуваат со можноста за намалување на ризикот од одреден тип на рак. На пример, лица кои конзумираат многу омега – 3 масни киселини го намалуваат ризикот од рак на дебело црево до 55%.

5. Омега – 3 масните киселини имаат многу бенефити во текот на бременоста, како за детето, така и за мајката

Соодветната количина на омега – 3 масните киселини во текот на бременоста е поврзана со:

· зголемена интелигенција на детето

· подобри комуникациски вештини

· ги намалува проблемите во однесувањето на детето

· го намалува ризикот за спор развој на детето

· го намалува ризикот од ADHD (Attention deficit hyperactivity disorder) и аутизам

Подобрување на здравјето на очите, намалување на ADHD симптомите кај децата, помагање во борбата против автоимуните болести, подобрување на менталните нарушувања, намалување на симптомите на астма и намалување на ризикот од развој на астма кај децата, подобрување на здравјето на коските и зглобовите, ублажување на мезентерната болка, подобрување на спиењето… ова се придобивките од омега-3 масни киселини, според разни студии.

Зошто не е доволно да се земат неколку капсули или лажички на рибино масло?

Омега-6 масните киселини се масни киселини кои му се потребни на нашето тело, и бидејќи тоа не ги произведува, мора да се внесат преку храна. Поентата е дека во последните 150 години човечката исхрана драстично се промени и ние внесуваме десетици пати повеќе омега-6 масни киселини отколку пред тоа, и до 80% помалку омега-3 масни киселини.

Омега-3 производите ги разградуваат омега-6 масните киселини и предизвикуваат воспаленија, растот на тумор клетките, згрутчување на крвта и така натаму. Значи, омега-3 и омега 6 масните киселини се јинг и јанг, црно и бело, минус и плус, и мора да бидат во одреден сооднос кој е добар за нашиот организам.

Овој сооднос е 1: 3 до 1: 5 во корист на омега-6 масните киселини. Реалноста на денешната западна исхрана е дека луѓето внесуваат многу омега-6 масни киселини преку (сончогледово, соино и пченкарно масло). Најлошото е дека со тоа се хранат домашните животни кои се одгледуваат за храна, така што го менуваме и нивниот состав на масни киселини, бидејќи омега-6 и омега-3 масните киселини се натпреваруваат за локација во клетките.

Реалните соодноси денес се 1:10 до 1:20 во корист на омега-6 масните киселини, што предизвикува огромен број на болести, воспаленија и генерално лоша телесна состојба. Значи, не е доволно само да се земе грам на омега-3 масни киселини дневно. Овој однос треба да биде под контрола. Колку повеќе внесувате омега-6 масни киселини, толку е поголема потребата од омега-3 масни киселини.

Се што е пржено со растително масло, а тоа е 98% од храната подготвена во рестораните, всушност се што е печено, семките, чоколадите, пекарските производи, месото од масовно производство, јајцата од масовно производство – сите овие јадења се полни со омега-6 масни киселини, кои иако немаат лошо влијание во одредена количина предизвикуваат огромна штета на нашиот организам.

Extra virgin – ладно процедено маслиново масло, сината риба, бакаларот, дивиот лосос, туната, лененото семе и оревите се високо квалитетни омега-3 масни киселини. Ако нашата исхрана не е богата со нив, тогаш имаме додаток достапен во форма на рибино масло.

Polleo Sport има за цел да го подигне нивото на свесност кај луѓето на здравиот и активен начин на живот, важноста на витамините, минералите и балансираната исхрана. Биди и ти дел од здравата страна на светот. Овој месец на АКЦИЈА во сите продавници на Polleo Sport или онлајн www.polleosport.mk.