Категории

Зошто некој се заљубил токму во вас?

Психолозите ја откриваат вечната дилема

Сигурно барем еднаш во животот сте се се запрашале што е причината за тоа некој да се заљуби во вас. Поголемиот дел од луѓето не можат да објаснат точно нити да ги вербализираат своите чувства и одлуки во текот на заљубувањето, па најчесто се останува на коментарот дека љубовта е слепа. Ако љубовта и вистински е „без вид“, што е тогаш со оној прв чекор?

Дали без магија и други „помошни“ сретства можеме да влијаеме на нечија одлука некој да се заљуби во нас? Не само што луѓето кои секојдневно ги среќаваме на улица се прашуваат за ова, туку и научниците одлучија да ја решат оваа огромна дилема. Резултатите се интересни и не се сосема непредвидливи, па би можело да се каже дека резултатот сето ова време ни бил пред очите.

Еве што кажуваат тие:

-Луѓето имаат тенденција да се заљубат во луѓе кои им се слични. Значи „секоја птица во свое јато“. Тие со кои делат заеднички вредности, често со сличен раст или имаат слични животни искуства.

2.Ако сакате некој да се заљуби во вас, шансите да проверите колку е тоа возможно се кријат во генетиката и родителите на личноста која вашето срце ја посакува. Тоа значи дека доколку вие поседувате некои особини на родителите на вашиот сакан,, имате добри шанси намерата да ви се оствари.

-Важна улога има и биологоијата.Жените се попривлечни и поубаво мирисаат веднаш после циклусот, а мажите кога ќе почнат да се занимаваат со спорт што излачува повќе тестостерон.

-Личностите кои со своето тело даваат впечаток на отворени и позитивни луѓе имаат поголем успех во заљубувањето.

-Споделување на возбудливи или застрашувачки искуства е одличен начин да ја пронајдете вистинската личност за себе, тврдат психолозите. Тие кои уживаат во екстремни спортови сакаат луѓе кои ќе им се придружат во активниот одмор.

-Ако вие и вашата симпатија живеете блиску еден до друг, голема е веројатноста дека симпатијата ќе се претвори во нешто друго, затоа што честите средби можат да помогнат во процесот на зближување.

-Насмеаните девојки имаат подобри „резултати“ кога е во прашање забележувањето и заљубувањето. Истражувањата покажуваат дека оние кои се смеат повеќе имаат поголеми шанси да освојат нечие срце.

Прегледи:
628
Објавено на:
15.02.2020