Категории

Зошто се левучарите толку посебни? Овие 5 карактеристики ги издвојуваат!

Дали знаевте дека високообразованите левучари заработуваат 10 до 15% повеќе во однос на деснораките личности кои ја работат истата работа? Дознајте кои се супермоќите на левучарите, кои сочинуваат 10% од светската популација!

Одлики на гениј

Дали знаевте дека Алберт Ајнштајн, Марија Кири, Леонардо да Винчи, Аристотел и Бил Гејтс се левучари? Исто така, 20% од членовите на МЕНСА, најголемото и најстарото здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција, пишуваат со лева рака.

Подобри уметници

Студиите покажале дека левучарите се покреативни. Клучот е во тоа што имаат поголема волја за истражување на различни нешта, но и нивната способност за размислување надвор од рамките. Во областа на уметноста, спортот и дигиталната технологија најуспешни се левораките луѓе.

„Претседателски ген“

Многу претходни претседатели на Америка биле левучари, вклучувајќи ги Барак Обама, Бил Клинтон, Џорџ Буш. Џералд Форд, Џејмс Гарфилд и Хари Труман. Недодамнешните студии покажале дека левораките политичари подобро поминуваат на телевизиските дебати, имаат поголема поддршка од народот и луѓето генерално ги доживуваат како позитивна појава.

Подобри се во спортот

Притоа се мисли на спортови „еден на еден“, како тенис, бадминтон и бокс. Причината за тоа е што луѓето се навикнати на десничари, додека левучарите од почетокот на животот се прилагодуваат на светот подреден за луѓето кои пишуваат со десна рака.

Тие се одлични борци

Француската студија од 2005. година покажала дека во мирно општество левичарите се опфатени со околу 3%, додека во зоните зафатени со војни и немири тој број расте на 27%. Научниците веруваат дека причината за тоа е што левучарите имаат физичка предност, бидејќи непријателот ретко очекува напад, удар или прецизен стрелец со лева рака.