Категории

Зошто секој ден треба да се прегрнувате?

Со прегратката најлесно и најубаво ги покажуваме своите емоции кон луѓето кои ги сакаме или цениме. Знаевте ли дека кога се прегрнувате од телото се ослободуваат хормони кои помагаат да ги задржите вашето тело и дух во најдобра можна форма. Откријте ги шесте причини зошто секој ден треба да се прегрнувате. 

1. Ја намалува депресијата
Цврста прегратка која трае неколку секунди ги зголемува допаминот и серотонинот, кои се нарекуваат хормони на среќа, бидејќи можат да го променат расположението.

2. Намалува стрес
Кога ќе допрете некој, вашиот мозок им испраќа сигнали на надбубрежните жлезди да се одморат, што го намалува кортизолот, со што се чувствувате помалку загрижени и анксиозни.

3. Го намалува крвниот притисок
Моќната прегратка, исто така, стимулира лачење на окситоцин. Во текот на овој биолошки процес значително се намалува крвниот притисок во телото, што има позитивен ефект врз срцето и целиот кардиоваскуларен систем.

4. Го подобрува имунитетот
Комбинацијата на окситоцин, допамин и серотонин претставува моќен микс на хормони кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Некои научници тврдат дека преградата е подеднакво ефикасна како мултивитаминска таблета.

5. Намалува болка
Окситоцин е природен аналгетик кој ја намалува болката во било кој дел од телото. Затоа се чувствувате добро кога се прегрнувате со луѓето кои ги сакате.

6. Емоционална поврзаност

Најочигледната причина за прегрнување е емоционалната поврзаност со партнерот, децата или пријателите. Прегратка е моќна емоционална врска поради која ќе се чувствувате сакано и заштитено.