Категории

Зошто сложувалките се добри за Вашиот мозок и Вашето ментално здравје?

Сложувалките не само што се забавна активност туку и придонесуваат во когнитивни, емоционални и социјални апсекти.

Зошто истите се добри за Вашиот мозок и Вашето ментално здравје?

  • Сложувалките бараат логичко размислување и вештини за решавање проблеми. Тие ги поттикнуваат поединците да размилсуваат критички и стратешки .
  • Сложувалките ја подобруваат свеста за просторот. Поединците мора да ја визуелизираат целата слика и како секое парче се вклопува во целината.
  • Правењето сложувалки може да ја подобри меморијата и когнитивната функција.
  • Сложувалките може да послужат како активност за намалување на стресот. Тие имаат смирувачки ефект врз умот, обезбедуваат пауза од секојдневните стресови.
  • При сложувањето се ослободува допамин, невротрансмитер којшто се асоцира со задоволство. Ова може да придонесе за подобрено расположение и чувство на постигнување.
  • Сложувалките се совршена активност за со пријателите или семејството. При тоа се подобрува комуникацијата и членовите работат во тим.