Бабите и дедовците не се единствените кои се грижат за внуците и имаат позитивно влијание врз нив. Тетките дефинитивно играат многу значајна улога во животот на своите внуци. Тетките се како втори мајки. Родителите ги учат, бабите и дедовците ги разгалуваат, а тетките влијаат врз нивното прераснување во подобри личности, давајќи им љубов и внимание!
Бидејќи тетките се најдобрите учители! Тие секогаш имаат различни перспективи со кои им помагаат на внуците да се справат со бројки, зборови, а понатаму и при соочувањето со сериозните животни вистини.
Бидејќи тетките се одлични слушатели! Тие ќе ги слушаат своите внуци со часови. Кога им е потребен совет поинаков од оној кој го добиваат од родителите, тетките се секогаш тука за нив.
Бидејќи тетките носат подароци! Тие им купуваат на внуците прекрасни подароци бидејќи сакаат да ги разгалуваат.
Бидејќи тетките ги учат внуците на вистинските вредности во животот. Ги учат што е добро, а што лошо!
Бидејќи тетките се неофицијалните психолози на своите внуци! Тие секогаш имаат најдобар совет за сѐ. Тие не судат, тие разбираат. Тие се омилените советници на своите внуци.
Бидејќи тетките знаат како да воспостават дисциплина на учтив начин! Тие се посмирени и порелаксирани кога станува збор за деца и ги поправаат без да покажат нервоза и бес.
Бидејќи тетките се најдобрите дадилки! Тие апсолутно уживаат во времето поминато со своите внуци грижејќи се за нив. Тетките сакаат да се смеат и да си играат со внуците и внуците ги обожуваат!
Тетките се пресреќни кога ќе се роди нивното внуче, бидејќи знаат дека ќе имаат безброј забавни мигови заедно.
Многу прегратки.
Ќе ги гледаат внуците како растат и како се менуваат и како стануваат изградени личности. А тетките ќе бидат секогаш тука да ги поддржат низ животот и низ промените кои ги носи тој.
Да се биде тетка е навистина прекрасен дар! Врската помеѓу тетката и внуците е вечна.