Категории

Зошто треба да им кажете НЕ на сите новогодишни резолуции?

Иако никогаш не е погрешно време за носење на нови, позитивни одлуки, постојат причини зошто не треба тоа да бидат таканаречени новогодишни одлуки.

Можеби Новата година за вас означува нов почеток, но премногу притисок може да има сосема спротивен ефект од посакуваниот. Токму затоа, ви ги претставуваме причините зошто не треба да носите новогодишни одлуки.

Направете ја посакуваната промена веднаш

Не чекајте да дојде понеделник, нити било кој датум во месецот за да започнете со подобрување на животот. Доколку сакате да промените нешто, тогаш нема причина да не го започнете тој процес веднаш. Гледајте на тоа на овој начин – доколку започнете веднаш со тренирање или здрава исхрана, за Ноова година веќе ќе ги имате првите резултати.

Не ја полнете главата со негативни мисли

Кога на лист хартија ќе ставите сѐ што сакате да промените кај себе, многу е веројатно дека тоа барем малку ќе ве онерасположи и загрижи. Едноставно почнете да менувате сѐ што мислите дека би требало да биде подобро или поинаку и не оптеретувајте се со листи и броење на своите маани.

Дојде 1.1. и… дали навистина започнавте?

Притисокот кој се создава на тој потполно обичен датум е непотребен. Доколку напишете на својата листа десет работи кои сакате да ги направите или промените, нема да знаете од каде да почнете и ќе започнете да ги одложувате. По некое време ќе сфатите дека доѓло лето, а вие сѐ уште не сте усвоиле ниедна од новите навики или промени.

Не се обидувајте да бидете нешто што не сте

Не ја губете својата личност во процесот на промени. Секое тело е различно и не напредува со иста брзина. Нема потреба да ве растажува фактот што не напредувате со иста брзина како другите. Честопати се појавуваат и одредени животни препреки поради кои вашиот напредок може да стагнира, но тоа никако не значи дека треба да се откажете.

Прегледи:
412
Објавено на:
31.12.2018