Категории

Зошто треба да јадете повеќе тиква: Кралицата на есента прави чуда за здравјето

Тиквата го чисти организамот од токсини, богата е со антиоксиданти и делува антивоспалително.

Вистинско време е да уживате во слатките плодови на златната есен. Тука е неизбежната тиква што треба да се конзумира колку што е можно повеќе поради нејзините корисни состојки.

Го чисти организамот од токсини, богата е со антиоксиданти и делува антивоспалително.

Одлична е за зглобовите, помага при повреди на меките ткива, но и во борбата против стресот.

Тиквата е богата со витамин А, кој ги штити очите од дегенеративни промени и катаракта, додека високото ниво на витамин Ц помага во зајакнување на имунитетот и го стимулира производството на колаген, правејќи ја кожата светла и еластична.

Ако се прашувате зошто е со портокалова боја, еве го одговорот: Таа е премногу богата со каротин, кој го забавува стареењето и спречува кардиоваскуларни заболувања.

Семките од тиква, кои обожаваме да ги грицкаме, имаат високо ниво на протеини и масни киселини кои помагаат во регулирање на холестеролот, штитат од артритис, ја зајакнуваат функцијата на мозокот, додека маслото од семки од тиква е одлично за лекување на воспаление на простатата.

Прегледи:
606
Објавено на:
05.11.2019