Категории

Зошто во зима јадеме повеќе?

Зголеменото внесување храна во текот на зимските месеци е можно да се објасни со еволуциски причини, веруваат британски научници од Универзитетот Ексетер. 

Според нив, луѓето имаат природен порив да јадат премногу, но немаат и контролен механизам кој би спречил насобирање на вишок килограми.

Причина за тоа е што во текот на еволуцијата дебелината не била значајна закана за преживување на нашите претци, додека потхранетоста била.

Вродената потреба за одржување на залихите на масно ткиво во организмот е се уште силна во зима бидејќи во тој период од годината нашите претци имале најмногу потешкотии со пронаоѓањето храна, пишува стручното списание „Proceedings of the Royal Society B“.

Прегледи:
473
Категории:
Занимливости
Објавено на:
13.01.2016